Blog
Образовно рандеву МАССУМ 2025
- April 25, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 24.4.2025 г. и 25.4.2025 г. во СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” во Кавадарци се одржа традиционалното Образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија) на кое рандеву како Центар учествувавме во следниве категории:
1. Интервју за работа на македонски јазик;
2. Најдобра карикатура;
3. Социјален бизнис модел;
4. Поетска творба;
5. Фотографија;
6. Јавен говор;
7. Штанд;
8. Постер;
9. Најдобар REEL;
10. Најдобар соло пејач
Во конкуренција од 48 средни стручни училишта од Македонија ги постигнавме следните резултати:
1. ПРВО место за најдобар штанд во состав на: Лука Доленц -IV-5, Климент Тодоровски – IV-3, Филип Сотироски – IV-Б, Христијан Маркоски – IV-Б, Адела Серјан – IV-K, Христина Трајкоска – II-C, Марко Попоски – III-4 под менторство на проф. Наташа Јанкоска-Китани;
2. ПРВО место за најдобар соло пејач – Благојче Тодоровски – IV-Б, менторка проф. Жармена Китрозоска;
3. ВТОРО место за најдобар јавен говор – Јана Кузманоска -III-4, под менторство на проф. Билјана Божиноска;
4. ТРЕТО место за најдобра поетска творба – Јана Кузманоска – III-4 под менторство на проф. Жармена Китрозоска.
5. ТРЕТО место за интервју за работа – Софија Кецкароска II-5 под менторство на проф. Билјана Попоска
Сертификати за учество на натпреварот беа освоени за следниве категории:
Најдобра карикатура – Анастасија Томаноска – IV-K, менторка, проф. Жанета Стаиќ;
Категорија постер во состав на Ангел Крстески – IV-4 и Лија Камбер – IV-K, менторка – проф. Жанета Стаиќ;
Категорија социјален бизнис модел во состав на: Наум Радески – IV-5, Евгенија Јанкулоска – II-K, Дарко Крлески – IV-3 и Наталија Тодоровска – II-K, менторка проф. Ирена Ралева-Најдевска.
Категорија најдобар REEL – Драгана Божиноска – II-5 и Марија Митреска – II-5, менторка проф. Жанета Стаиќ.
Категорија најдобра фотографија – Марија Митреска – II-5, менторка, проф. Жанета Стаиќ.
Честитки до учениците и до менторите и им посакуваме уште поголеми успеси.














