Во духот на нашиот најголем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, денеска се одржа традиционален хуманитарен базар на кој учествуваа ученици од нашето училиште под водство на проф. Билјана Божиноска. Тие изработија велигденски украси и ракотворби кои ги продадоа, а средствата од продажбата преку ОО на Црвениот крст беа наменети за хуманитарни цели. Овој базар беше организиран од страна на Општина Охрид и ЈП Градски пазар.