Blog
Оглас за запишување на редовни ученици во I година во учебната 2025/2026
- April 12, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2025/26 година, објавува:
ОГЛАС
За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2025/26 година
Во I година во учебната 2025/26 година ќе се запишат вкупно 261 ученици во 10 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 84 ученици, 3 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА –127 ученици, 5 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 25 ученици, 1 паралелка
СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 25 ученици, 1 паралелки
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ја изготвува и објавува МОН на официјалната ВЕБ страна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари( по предметите: мајчин јазик, англиски јазик ,природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија и по предметите кои се значајни за струката) .
–извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања, преку електронско аплицирање на следниот линк :https>//e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку кориснички сметки на Schools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците во јунскиот уписен рок се врши од 14 јуни од 00,00 часот до 17 јуни до 23,59 часот 2025 г.( а помош во училиштето ќе има организирано на 16, 17 I 18.06.од 08 до 16 часот, а на 19.06 од 08 до 12.00 часот) Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни од 8,00 до 19,00 часот , и на 19 јуни 2025 од 08,00 до 17,00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето.
Второто електронско пријавување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 30 јуни 2025,од 00.00 до 23,59 часот.( а помош во училиштето ќе има организирано на 30 јуни од 08,00 до 16,00 часот ). Доставувањето на потребната документација до училиштата е 01 јули 2025 од 10,00 до 19,00 часот . Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината , испити за побрзо напредување, доколку има слободни места после јунскиот рок можат да се пријават на 21 август од 00 до 15,00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август од 08 до 17 часот .Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објават на 22 август 2025 година, најдоцна до 10,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната.
НАПОМЕНА : По објавувањето на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето задолжително ја подигнуваат целокупната документација во рок од 24 часа.
За подетални информации во врска со понудените профили можете да најдете во Огласот за прием на ученици на следниов линк
Конкурс за упис на ученици во I година во учебната 2025-2026 година
10 Април 2025 година
Од училишната комисија при
ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид