Во периодот од 8.11 до 10.11 2024 година во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа Балканско карате првенство за кадети, јуниори и У21. На Балканското првенство учествуваа 1234 учесници од 13 земји. Нашиот ученик Дамјан Митревски од карате клубот Кунсуто од Охрид во категоријата кадети -52кг со 45 учесници го освои второто место и со тоа се здоби со титулата Балкански Вицешампион. Имаше 5 борби од кои 4 победи и еден пораз.
МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА 5-1
МАКЕДОНИЈА-КИПАР 0-0(5-0 hantei)
МАКЕДОНИЈА-ТУРЦИЈА 4-3
МАКЕДОНИЈА-АЛБАНИЈА 2-0
ФИНАЛЕ
МАКЕДОНИЈА-БОСНА 0-4
Дамјан Митревски како дел од екипата кадети на Македонската карате репрезентација го освоија 5-тото место .
На Дамјан му посакуваме уште поголеми успеси во иднина.