Во пеиородот од 7.11 до 9.11.2024 година професорите Владо Јанкулоски, Стојан Новески и директорот Сашо Недески, учествуваа на подготвителниот состанок за меѓународниот натпревар “Балкан јуниор 2025” во школскиот центар во Велење, Република Словенија. На состанокот се разговараше за начинот на спроведување на теоретскиот дел од натпреварот и предлог задачата од практичниот дел и правилата за нејзината изработка. Притоа беа посетени работилниците во школскиот центар, како и културно историските знаменитости и музејот на градот Велење.