На ден 29.10.2024г. Учeничката заедница при ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид, во соработка со Europe House Струга, организираше настан во аулата на центарот.
На настанот беа поставени сетови за виртуелна реалност, при што центарот обезбеди три, а Europe House Струга ги донесе останатите заедно со програмата polinator park. Преку оваа програма, нашите ученици имаа можност да разберат колку е важно природното опрашување за нашата планета и да стекнат нови знаења преку интерактивно искуство.
Им се заблагодаруваме на Europe House Струга за поддршката на ваквиот настан и се надеваме дека во иднина ќе има повеќе вакви настани и иницијативи организирани од учениците во нашиот центар.