Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Еднодневна екскурзија во посета на спомен-собата на Петре М. Андреевски и спомен куќата на Блаже Конески
Еднодневна екскурзија во посета на спомен-собата на Петре М. Андреевски и спомен куќата на Блаже Конески
- October 11, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
На ден 10.10.2024 г. учениците од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа на еднодневна екскурзија во посета на спомен-собата на великанот Петре М. Андреевски во родното село Слоештица по повод 90-годишнината од неговото раѓање и имаа можност да се едуцираат за неговиот огромен придонес за македонската литература и култура со посебен осврт на неповторливиот роман ,,Пиреј”. Потоа учениците ја посетија спомен-куќата на Блаже Конески во село Небрегово каде што имаа можност да ги прошират своите знаења за животот и делото на кодификаторот на македонскиот јазик.
Потоа учениците имаа слободно време за прошетка и рекреација во Прилеп.
На оваа екскурзија присуствуваа 281 ученик и 12 професори од Центарот.















