Blog
Конкурс за пријавување на ученици за Еразмус проект во Турција
- October 10, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за избор на 12 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проектот 2023-2-TR01-KA210-VET-000182686 – A Stem Approach Bridges Between Countries: Understanding Natural Disasters and Climate Change with an Educational and Instructive App Design кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Erazmus+ програмата
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за учество во овој проект треба да достават:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо (Зошто сакаш да се вклучиш во овој проект? На кој начин можеш да придонесеш во проектов? Темата на овој проект е примена на Мобилни апликации за разбирање и справување со природни катастрофи и климатски промени)
-
Пополнат формулар (кој може да се преземе од следниов линк Пријава )
- Ковертот со документацијата се доставува во канцеларијата на Сменоводителите во посебна назначена кутија за Erasmus и RYCO проекти, не подоцна од 10.10. 2024 година.
- На ковертот задолжително да се наведе за кој конкурс се однесува подготвената документација (ERASMUS)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- познавање на англиски јазик
- учество на eTwinning проекти
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- да имаат патна исправа/пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на пристигнувањето во Турција
Во случај на исполнување на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици односно ученици со помалку можности.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридкси“-Охрид
Директор
Сашо Недески