Blog
Посета на Техничкото училиште во Ваљево
- October 6, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 3.10 – 6.10.2024 година, 15 ученици и 4 професори ја посетија Техничката школа од Ваљево, Србија. Со презентација на стручните кабинети и Тренинг центарот од училиштето домаќин, учениците и професорите разменија искуства за реализација на часовите по практична настава од електротехничката, машинската и сообраќајната струка. За таа цел беше претставен начинот на работа со CNC машини, роботска рака, автосимулатор и автомеханичарската работилница.
Во рамките на посетата беше одржано Годишното собрание на членовите од здружението Балкан Јуниор, на кое беа одредени насоките за понатамошно работење и подобрување на начинот за подготовка и реализација на овој меѓународен натпревар.
Притоа беа посетени:
– Истражувачкиот центар за млади таленти во Петница
– Бранковина, каде творела поетесата Десанка Максимовиќ
– Музејот во Ваљево
– Галеријата Луба
Голема благодарност до домаќините од Техничка школа Ваљево за нивното гостопримство и срдечен дочек.









