На ден 28.9.2024 г. традиционално трета година по ред беше изведено спортско-рекреативно искачување во кое доброволно беа вклучени дваесетмина претставници од ЛМО при нашето училиште.
Годинава се искачивме до ,,Св. Илија” – Велгошти каде што покрај тоа што имавме можност за забава и дружење, бевме вклучени во реализацијата на спортските игри во природа кои беа подготвени од страна на професорот по спорт и спортски активности, Ацо Чашитоски, вработен во Центарот.
Нека овој настан биде поттик и за другите младинци да негуваат здрави навики за рекреативно искачување и престој во природа.