На 27.08.2024 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на компанијата „ОДВ Електрик“ беше предадена вредна донација која се состои од микрокомпјутери
Опремата е составена од 10 Raspberry Zero, 2 Rasperry 3B+, 30 RFID читачи и 6 RFID тагови. Таа е наменета за осовременување на наставата по стручните предмети во нашето училиште, со што учениците ќе имаат можност да се обучуваат за работа на овие микрокомпјутери.
Донацијата е резултат на повеќегодишната соработка на оваа општествено одговорна компанија со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ што се одвива преку дуалното образование, а која ќе продолжи и во наредниот период.