На ден 11.05.2024 во Скопје се одржа Државниот натпревар по Англиски јазик за учениците од средните училишта. На овој натпревар учениците Димитар Велкоски од II-3 клас и Марко Попоски од II-4 клас под менторство на професор Елизабета Спировска Милошевска освоија трета награда.