На ден 13.04.2024 во ОУ „Христо Узунов“ се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик за средните училишта. На овој натпревар учествуваа и ученици од нашиот училиштен центар при што постигнаа одлични резултати.
Ученикот Кирил Крстески од I-4 клас го освои првото место, а Софиа Стојаноски исто така од I-4 клас го освои второтo место. Учениците беа под менторство на професор Мануела Брдароска Јанкоска
Учениците Димитар Велкоски од II-3 клас и Марко Попоски од II-4 клас под менторство на професор Елизабета Спировска Милошевска го овоија второто место. На овој натпревар не беше доделено прво место.
Со тоа учениците стекнаа право да учествуваат на државниот натпревар во Скопје.