Blog
Наши ученици во посета на ХЕ Глобочица и ХЕ Шпиље
- March 19, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 19.03.2024 година учениците од трета и четврта година од образовниот профил електротехничар-енергетичар од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ги посетија ХЕ Глобочица и ХЕ Шпиље. Од страна на стручните лица на АД ЕСМ им беше презентирана работата и начинот на управување на хидроелектраните и разводните постројки. Ова е само еден дел од практичната настава која се изведува во нашиот образовен центар, со што се подигнува нивото на самата настава. Учениците покажаа голем интерес за начинот на добивање на електричната енергија од водените ресурси. Ваквата практична настава преставува дополнување на сето она што претходно е теоретски изучувано на часовите.
Финасиските средства за организацијата и реализацијата на посетата, превозот и храната за учениците беа обезбедена од сопствените средства на нашиот училиштен центар.







