Blog
Обука на тема „Зависности кај младите со посебен акцент на табу-теми“
- February 14, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 12.2.2024 г. до 14.2.2024 г., членовите на ЛМО при ОЕМУЦ учествуваа на тридневна обука којашто беше во организација на LEAD- Leaders for Education, Activism and Development со цел учениците да се обучат за претстојното имплементирање на идејата: ,,Зависности кај младите со посебен акцент на табу-теми” којашто треба да биде реализирана во мај 2024 г. На оваа обука во присуство на учениците беше и педагогот од Центарот, Анастасија Иваноска.
Претходно, учениците: Софија Кецкароска – I-5, Бобан Кочески – IV-3 и Марко Апостоловски од IV-3, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, аплицираа на програмата од LEAD и освоија грант од 11 000 денари за реализација на иницијативата за јавно говорење на табу-теми. Честитки за освоената награда.







