На ден 26.12.2023 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на учениците од I година им беше одржано предавање на тема „Петарди НЕ-безбедност пред се“ организирано од МВР и Универзитетската Клиника за Пластична и Реконструктивна Хирургија. Предавањето беше одржано од д-р Ана Томевска вработена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид и Бoгоја Прензоски-помошник командир за превенција, јавен ред и мир при полициската станица од општа надлежност Охрид. Учениците беа запознаени со несаканите последици и ризици од користењето на петардите како и со спречувањето на употребата на петарди и други пиротехнички средства во пресрет на престојните Новогодишни празници.