Blog
Доделени награди за најдобри еТвининг проекти во 2023 година
- December 22, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21.12.2023 година ги додели годинешните еТвининг награди. Ови награди се доделуваат во пет различни категории и тоа: најдобар проект од предучилишно образование, од основно образование, од средно образование, на тема екологија и на годишна тема (иновации и едукација)
Овие награди, во форма на симболични статуетки, беа врачени за најуспешните еТвининг проекти, чии достигнувања не само што беа препознаени, туку и ќе бидат активно промовирани на европско и национално ниво. Како најдобар проект од средно училиште беше прогласен проектот “Natural Disasters” кој го спроведе професорот Љупчо Балески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
еТвининг проектот „Natural Disasters“ е проект кој ги засега сите луѓе во светот и имаше за цел да ја подигне свеста на нашите ученици, наставници и родители за природните катастрофи, кои се заеднички проблем на целото човештво. Целта на овој проект беше да предложи различни решенија за овој заеднички проблем и мерки за превенција од катастрофи. Со активностите кои се спроведува, учесниците имаа можност да се запознаат со различни култури и да се мотивираат да ги истражуваат.
Проектот „Природни катастрофи“ е меѓународен проект во кој учествуваа вкупно 11 наставници и 65 ученици од пет држави и тоа од Турција 7 партнери и по еден партнер од Македонија. Грузија, Романија и Полска.
Овој проект се спроведе во периодот од јануари до мај 2023 година.

