На ден 13.12.2023 г., во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид.
За оваа крводарителската акција, којашто беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник, беа собрани 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција.
Благодарност до учениците и наставниците од ОЕМУЦ за хуманоста.
Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие.