Blog
Хуманоста и емпатијата – дел од секоја личност
- December 13, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во пресрет на Патрониот празник на нашето училиште ОЕМУЦ ,,СВ. Наум Охридски “ – Охрид, учениците од струката лични услуги, образовен профил – техничар за козметичка нега и убавина во соработка со козметичкиот салон ,,СПА Изида” од Охрид, а во посета на Домот за стари лица ,, Софија” во Битола, изведоа различни козметички постапки како маникир, педикир, бојадисување на коса, потстрижување, масажа на раце и нозе и сл.
По завршените козметички и фризерски третмани, огромна беше радоста изразена преку насмевка и благодарност од лицата од третото доба кои престојуваа во домот.
Во ваквата хумана активност учествуваа ученици од втора, трета и четврта година под менторство на предметниот проф. Јулијана Карамешиноска каде учениците стекнаа чувство за поголема одговорност и почит кон лицата од третото доба.
За учениците ова беше едно ново, позитивно и големо искуство за будење на емпатија кон сите луѓе во општеството без разлика на возраста.