Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од 13-16 ноември 2023 година, учествуваа на меѓународниот предизвик ДАБАР 2023. Тоа е еден вид натпревар наменет за учениците од средните училишта , кој има за цел да ја промовира информатиката и да може вистински да ги идентификува учениците кои имаат висок потенцијал. Истиот е исклучително популарен и се спроведува во повеќе држави.
Сите учесници по е-меил ќе ги добијат резултатите и сертификатите за учество од натпреварувањето, кои ќе бидат достапни по завршувањето на натпреварот.
Ментори на овој настан се професорите од нашето училиште: м-р Сања Јованоска, Александра Настоска Николоска, Јулијана Петреска и Гоце Ѓорѓиевски.