Blog
Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на ЈЗУ Центар за јавно здравје
- November 6, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во рамките на eTwinning проектот „Water as a source of life“, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, добија задача да ги истражуваат хемиските и физичките својства на водата и начините на нивно определување, како и да објаснат како секој од овие параметри влијае врз живиот свет во Охридското Езеро.
Со таа цел, на ден 3.11.2023 година, група ученици и нивните ментори реализираа посета во ЈЗУ Центар за јавно здравје, Одделение за лабораториска дејност, лабораторија за санитарна микробиологија и лабораторија за санитарна хемија.
Учениците имаа можност да видат и научат на кој начин и од кои места правилно се зема примерок од водата која се испитува, како се определуваат физичките и хемиските показатели на водата и како се извршува микробиолошката анализа на водата.
Нашето училиште изразува голема благодарност до вработените во Центарот што одвоија дел од своето драгоцено време и несебично ги споделија своите знаења со нашите ученици.






















