Blog
Ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на SUBEX2023
- October 27, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 26.10.2023 година во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржа овогодинешниот саем на добавувачи од балканските земји SUBEX 2023. Како дел од овој саем учествуваа и учениците и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. На формот посветен на дуалното образовани пред присутните ученици и професори се обратија Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија г-ѓаАнтје Ванделт, раководителот на делот за глобално професионално образование во Дрекслермајер, г-ѓа Барбара Гербер како и министерот за образование и наука г-н Јетон Шаќири
Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство.
Исто така на годинешниот SUBEX 2023 беа промовирани учениците од прва година од паралелките Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство на кои им беа дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование.
Во рамките на форумот се одржаа и две панел дискусии во кои работодавачите и учениците кои го завршија своето образование ги пренесоа своите искуства од овој тип на настава.


















