Blog
Обуката за обучувачи за претприемачки компетенции во Анкара, Турција
- October 2, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 25.9.2023 г. до 30.9.2023 беше спроведена обуката за обучувачи за претприемачки компетенции во Анкара, Турција. На обуката учествуваа 20 наставници и професори од стручни училишта и факултети од три земји и тоа:Естонија,Турција и Македонија. На оваа обука учествуваше и професорката Ирена Ралева-Најдевска од нашиот Центар како претставник од средно стручно училиште во Охридскиот регион.
Целта на обуката беше учесниците да се здобијат со претприемачки компетенции како и нови методи за обука на нивните ученици и практиканти.
Сите учесници изразуваа голема благодарност до обучувачите Јован Сталевски (ЦЕФЕ Мастер Обучувач) претседател на ,,ЦЕ-ФЕ” Македонија и Мустафа Ердоган (Експерт за искуствено учење), што направија микро космос каде можеа самите да се пронајдат во карактеристиките на претприемачите и можеа да искусат како реагираат и делуваат во одредени претприемачки активности.
Следен чекор за нашите учесници од Македонија: Устијана Речкоска Шикоска (Универзитет ,,Св. Апостол Павле” – Факултет за ИКТ), Ирена Ралева-Најдевска (OЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”), Христина Серафимовска, (Факултет за туризам и бизнис логистика), Весна Ефремова (СОУ ,,Љупчо Сантов”) и Бобан Русески (едукатор и уметник), ќе биде да обучат преку 40 млади практиканти од цела Македонија во периодот од ноември до декември 2023.
Завршната церемонија за доделување на сертификатите беше организирана од агенцијата за развој на претприемништво – МЕСВАК и Националниот директорат за образование на Анкара. На свеченоста присуствуваа највисоките претставници на институциите, кои ги доделуваа и сертификатите на учесниците.
Овој проект е организиран од страна на Erasmus + 2022-1-TR01-KA220-VET-000085298










