Blog
Студиска посета на Естонија
- May 31, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 22.5-26.5.2023 година, на покана од организаторот – ЦЕФЕ Македонија, нашиот Општински електромашински центар „Св. Наум Охридски“ учествуваше на работна посета во областа Вору, Естонија во рамки на проектот „САПЕ“ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти.
На оваа студиска посета учествуваше проф. Ирена Ралева-Најдевска.
Целта на посетата беше размена на добри практики и искуства за поддршка и зајакнување на претприемачките вештини кај младите преку неформално образование.

Вториот и третиот ден учесниците на работната посета имаа можност да го посетат Võrumaa Vocational Education Center https://www.facebook.com/HeaKoolKoguEluks, центарот за компетенции Tsenter – Puidutöötlemise ja mööblitootmise kompetentsikeskus ja https://tsenter.ee/, фабриката за преработка на дрво Barrus https://www.barrus.ee/, хотелот Кубија https://www.kubija.ee/, како и областа Rõuge.
Учесниците се запознаа со начинот на работа на стручните училишта и со можноста за практична работа на учениците која им ја нуди самиот образовен центар, како и голем дел од приватниот бизнис-сектор во областа Вору. Исто така, тие се запознаа и со образовниот систем и модел во Естонија, кој дава одлични резултати и ја рангира Естонија помеѓу водечките земји во делот на образованието во светски рамки.
Претприемништвото и ИТ вештините се суштински дел од нивниот образовен модел и се изучуваат од најмала возраст, што ја прави Естонија една од најнапредни држави во делот на дигитализацијата и начинот на основање и водење сопствен бизнис.
Проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“ е проект поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија.



