Blog
Одржани работилници во рамките на Еразмус + проектот DigitalVet во Хераклион на Крит
- April 3, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 26.03 до 31.03.2023 година во Хераклион, Крит се одржа работна средба на претставниците на партнерските училишта и организации во рамките на проектот DigitalVet подржан од Еразмус плус програмата. На оваа средба учествуваа директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески како и професорите Сања Јованоска, Стојан Новески, Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески.
За време на работната средба беа организирани секојдневни работилници на кои се вршеше тестирање на постоечките и на новододадените симулации за работа на домашни паметни системи. Во рамките на посетата учесниците се запознаа и со работата на Компјутерскиот научен институт на организацијата за истражување и технологија како и на Втората училишна лабораторија на Хераклион.
Како составен дел на овој состанок беше и посетата на археолошкиот локалитет во Кносос и Архелошкиот музеј на Крит во Хераклион.







