Blog
Прва работилница во рамките на проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge
- October 30, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 28.10.2022 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа првата работилница во рамките на проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge.
Овој проект вклучува ученици од 5 средни стручни училишта од Република Македонија во процесот на дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии. Целта на проектот е да дејствува на свеста на учениците за важноста на зелените и одржливи решенија и да ги насочи кон осмислување иновативни решенија засновани на зелени технологии преку примена на претприемачки начин на размислување.
На првата работилница зедоа учество 20 ученици кои под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска, Виолета Никовска, Ирена Ралева Најдевска и Љупчо Балески преку изработка на Климатски колаж се запознаа со влијанието на човекот врз климатските промени како и влијанието на климатските промени врз целокупниот животински и растителен свет на нашата планета. Целта на работилницата беше учениците да изберат предизвик за кој ќе дизајнираат бизнис идеја.
Овој проект паралелно се изведува со 5 средни стручни училишта во Хрватска и е подржан од Стартап Македонија.








