Blog
Регионален натпревар за учениците од електротехничка и сообраќајна струка
- March 25, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 25.03.2022 година, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар за учениците од трета година од електротехничката и сообраќајната струка. На овој натпревар освен нашиот училиштен центар, зедоа учество и учениците од средните училишта „Ѓорѓи Наумов“ и „Таки Даскало“ од Битола и „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп.
При тоа нашите ученици:
Даниел Котоски од образовниот профил Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Сашо Ѓеоргиески и Марија Шибакоска Настоски
Петар Цаноски од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Сања Јованоска, Јане Цаноски и Билјана Аврамоска
Мухамед Асан од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на професорите Љупчо Балески, Владо Јанкулоски и Билјана Аврамоска и
Сашка Цветаноска од образовниот профил Техничар за патен сообраќај под менторство на професорите Ѓоко Милески, Весна Нанеска и Наташа Гредоска
ги освоија првите места во своите образовни профили, со што се стекнаа со право на учество на државниот натпревар кој треба да се одржи на 06.05.2022 година во Велес.
На учениците и менторите им честитаме за освоените награди.
Исто така на државниот натпревар учество ќе земат и учениците Христијан Биткоски од образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации, Александар Блажев од образовниот профил Машински техничар, Анастасија Алексоска од образовниот профил Техничар за компјутерско управување, Никола Ставрески од образовниот профил Машински техничар за моторни возила и Виктор Ставрески од образовниот профил Техничар за производно машинство.
На сите ученици им посакуваме успех на престојниот државниот натпревар.

