Вработувањето во приватниот сектор по завршување на средното образование е предизивик за многу млади лица.
КОСТАЛ Македонија и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид реализираа обука за 18 ученици од четврта година, фокусирана на напредни производствени технологии во автомобилската индустрија. Поддржана од Амбасадата на Швајцарија и проектот E4E@мк, обуката создава можност за матурантите од средното стручно училиште да изградат практично искуство и стручни вештини како и да се вработат по завршувањето на обуката.
Со оваа обука и други активности, КОСТАЛ Македонија и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид создаваат нова генерација на млади оператори и техничари и го олеснуваат процесот на вработување на млади стручни кадри.