Последниот ден од учебната 2020/21 година беше одбележан со доделување на пригодни награди за учениците кои и во време на пандемија, а во рамки на практичната настава дадоа посебен придонес во санација на електричната инсталација и осветлувањето од училишната зграда. На предлог од класниот раководител Борка Секулоска Вретоска на класот III-1 (Електротехничар енергетичар) и професорот по практична настава Сашо Ѓоргиески се наградуваат учениците Груевски Христијан, Николоски Јоне, Климоски Никола, Љушкоски Петар, Стрезоски Мартин и Ризманоски Ристе.