Blog
Известување за реализација на Проектната задача
- March 26, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Согласно насоките од Министерството за образование и наука, реализацијата на проектната задача која е во склоп на Државната матура и Завршниот испит за учениците од завршните години ќе се реалзира на тој начин што приемот на проектните задачи ќе се реализира по електронски пат преку раководителот на паралелката, кој за таа цел ќе ги извести учениците. Пристигнатите проектни задачи ќе бидат архивирани во електронска форма согласно рокот за пријавување и истите ќе бидат доставени до соодветните наставници-ментори.
Презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се организира и реализира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средствата за електронска комуникација согласно роковите утврдени според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта.