Blog
Доделени наградите за Државниот натпревар „Лидер на струка“
- February 6, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Уште едно признание за успесите на учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. Во средата на 05.02.2020 година во Скопје во просториите на Министерство за образование и наука од страна на министерот г-н Арбер Адеми беа доделени дипломите на учениците кои беа победници на Државниот натпревар „Лидер на струка“ во 2019 година.
Меѓу наградените беше и ученикот Дарко Наумоски од сообраќајната струка при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кој на натпреварот одржан во Кочани под менторство на професорите Весна Нанеска, Наташа Гредоска и Ѓоко Милески го освои првото место односно стана Лидер на сообраќајната струка. Покрај дипломата, секој ученик – лидер на струка како и наставникот ментор добиваат и парична награда од по 10 000 денари.
Натпреварот се организира по шести пат, а учествува ученици од завршните години во средните стручни училишта. Натпреварувачите го презентираат своето теоретско и практично знаење од струката што ја изучуваат, прво на ниво на училиште, а потоа и на државно ниво.


