По повод патрониот празник на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, компанијата „Костал“ од Охрид претставувана од генералниот директо Виктор Мизо донира вредна опрема составена од сервер, принтер во боја како и систем за безжичен интернет. Опремата е наменета за подобрување на компјутерската мрежа во училиштето како и подобрување на условите за работа и изведувањето на наставата
Донацијата е резултат на двегодишната соработка на компанијата „Костал“ со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ што се одвива преку дуалното образование, а која ќе продолжи и во наредниот период.