Blog
Големи и мали градиме мостови
- December 6, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 05.12.2019 година, во просториите на ОУ”Христо Узунов” беше одржан отворен час под мотото “Големи и мали градиме мостови”. Преку пријателство малите се почуствуваа големи, а големите во улога на учители на малите. И повторно желбата за знаења беше мостот кој ги поврзува.
На часот и големите и малите доживеаа позитивна емоционална атмосфера и стекнаа позитивни ставови кон работата. Притоа учениците од двете училишта изработија различни електрични кола. Големите несебично го делеа своето знаење и умеење, а малите со чисто срце и радост го прифакаа истото.
Отворениот час беше воден од страна на наставниците Билјана Ристоска – предметен наставник во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, Катерина Златева и Наташа Талевска- одделенски наставници во ОУ”Христо Узунов”. На отворениот час присуствуваа учениците од втора година од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски, електротехничари за компјутерска техника и автоматика и учениците од четврто одделение од ОУ”Христо Узунов”.







