Blog
Дуално образование-подобра иднина за сите
- June 19, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Првата генерација ученици кои следат настава според новите наставни програми за дуално образование и кои ќе се здобијат со титула Техничар за индустриска мехатроника, веќе изведуваат феријална пракса во трите компании Костал, ЛТХ Леарница и ОДВ Електрик. Феријалната пракса ќе се изведува секоја година за време на летниот распуст на учениците и ќе трае 2-3 недели.
За разлика од оваа феријална пракса, учениците ќе имаат шанса да изведуваат редовна практична настава во истите компании во текот на учебната година, како дел од редовната настава во втора, трета и четврта година.
Системот на дуално образование е еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и индустријата, а е координирано од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Дуалното образование е единствен образовен систем кој ги комбинира содржините кои се предаваат на училиште со практична обука во компанијата. Со тоа на компаниите ќе се им се овозможи да вработат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците ќе имаат шанса да бидат обучувани од сертифицирани ментори од компаниите во простории за обуки каде се симулираат вистински работни околности. На овој начин младите ќе се здобијат со практични знаења, работно искуство и паричен надомест, а на крајот на завршување на програмата ќе се стекнат со диплома за завршено средно стручно училиште и сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Во ОЕМУЦ Св.Наум Охридски – Охрид, во тек се уписите на ученици за прва година. Покрај досегашните струки и профили, од наредната учебна година учениците ќе можат своето образование да го продолжат во уште еден нов профил Техничар за производно машинство кој истотака ќе се изведува по системот на дуално образование. Феријалната и редовната практична настава за учениците од овој профил ќе се изведува во две компании, Костал и ЛТХ Леарница.