Blog
Во рамките на своите активности, а поврзани со уписите на учениците во средно образование во учебната 2019/2020 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на 21.05.2019 година организира „Отворен ден“ за учениците од завршните одделение од основните училишта од Охрид и околината каде ги презентираше своите можности за образование пред идните средношколци.
Учениците ги посетија кабинетите и работилниците во нашето училиште каде се запознаа со трудови и практични проекти изработени на часовите по практична настава. На овој начин беа истакнати предностите на стручното образование. Акцент беше ставен на дуалното образование кое е спој на теоријата и праксата, а кое од минатата година се спроведува во нашето училиште.
Директорот Сашо Недески во своето обраќање пред присутните истакна дека преку спојување на образованието и стопанството ќе се обучуваат кадри што им се потребни на компаниите. Брзиот развој на технологијата несомнено бара и брзи промени на програмите за образување кадар кој ќе биде соодветен на потребите на пазарот на трудот, а дуалното образование по се изгледа е совршениот рецепт.

Исто така свое обраќање имаше и Дејан Чуповски – проектен менаџер на „Skills expert“ програмата кој истакна дека досегашната соработката е супер како со компаниите така и со училиштето, а и со учениците бидејќи кога тие ќе бидат на практична обука во компанија ќе бидат обучени од сертифицирани ментори и бидејќи оваа програма е според германски стандарди ние подготвуваме и специјални сертификати
Во рамките на проектот за дуално образование ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски е едно од пилот училиштата и веќе соработува со „ОДВ Електрик“, „Костал“ и „ЛТХ Леарница“. Дел од нив денес во училиштето имаа поставени свои штандови на кои заинтересираните ученици можеа да се информираат за можностите кои ги нудат. Инаку првиот клас за дуално образование кој се формира беше за новиот образовен профил, Техничар за индустриска мехатроника, којшто беше изработен по германски стандарди. Од учебната 2019-2020 година се воведува уште еден профил од машинската струка, техничар за производно машинство. Учениците што ќе завршат дуално стручно образование ќе бидат обучени веднаш по матурирањето да почнат со работа. Теоретската настава е застапена со 60 проценти, а 40 отсто е практична работа во компаниите со кои центарот соработува.







