На 19.04.2019 година (петок) во просториите на Природноматематичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по географија за учениците од сите државни средни стручни училишта.
На натпреварот под менторство на професорката Менка Ѓореска зедоа учество ученичките од прва година од сообраќајната струка Ана Трајкоска и Кристина Божиноска кои постигнаа одлични резултати.
Ученичката Ана Трајкоска со 90 поени убедливо го освои I-то место, а ученичката Кристина Божиноска со 74 поени го освои IV-тото место.