Blog
Образовно рандеву 2019
- April 22, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 12.04.2019 година (петок) нашето училиште со свои претставници учествуваше на овогодинешното „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ, кое се одржа во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево.
Нашите ученици под менторство на професорите Билјана Попоска, Билјана Божиноска и Бојан Николоски се претставија во четири категории: најдобар штанд, најдобра фотографија, интервју за работа на македонски јазик и маркетинг план.
Покрај големата конкуренцијата од 30 средни стручни училишта, учениците постигнаа високи резултати во сите 4 категории, а особено значајно е третото место за најдобар штанд.
Преку презентации, штандови со изработки и промотивни материјали учениците имаа можност да се запознаат со многу струки и занимања кои се изучуваат во средните стручни училишта од Македонија.
Целта на „Образовното рандеву“ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку организациски и комуникациски вештини, практична работа и учење.







