Blog
Обука на наставници
- December 16, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
Во периодот од 12.12.2018 година до 15.12.2018 година во хотел „Мериот“ во Скопје се одржа обука за наставници во рамките на проектот „Дуалното стручно образование-инвестиција во Вашата иднина“. Обуката ја спроведе господинот Едвин Лемке, а организатор на истата беше Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
На обуката зедоа учество и професорите Јулијана Петреска, Сашо Ѓорѓиевски, Стојан Новески и Љупчо Балески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид.
Тема на обуката беа современите методи и техники во наставата односно „Образованието во 21-от век“.
Преку различни активности и работилници, наставниците стекнаа искуство во неколку нови техника неопходни во модерната настава и тоа:
- визуелизација на наставните содржини и презентации
- различни начини на активација на учениците
- давање на повратни одговори со користење на „сендвич’ техниката
- начини за зголемување на кругот на влијание
- техниките „Два круга“, „Размисли, разговарај во пар, сподели“
- учење преку игра (Меморија)
- 4Мат моделот на прашања (зошто, што, како и што ако)
- поставување трансфер прашања
- дистрибуирано тестирање
- техниката „Вертисаж“
- умствена мапа
- активно учење и
- техниката „Превртена училница“










