Blog
Ноември-месец на науката
- November 19, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 10.11.2018 година во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје во рамките на настанот „Ноември-месец на науката“ во организација на Друштвото на физичари на Македонија се одржа 42-та Школа „Млади физичари“. На школата зедоа учество и учениците од Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид, Едип Идризоски и Иван Станојковски под менторство на професорката Виолета Никовска. Во рамките на Школата, учениците следеа интересни предавања од професори од Природно математичкиот факултет од Скопје и Природно математичкиот факултет од Ниш.
Во холот на третиот спрат беа изложени 80 демонстрации и експерименти на ученици натпреварувачи од Македонија, Хрватска и Србија. При тоа учениците Едип Идризоски и Иван Станојковски успешно се претставија со изработката на „Хидрауличен багер“ и ја освоија втората награда.


