Blog
Конкурс за уписи во учебната 2018/2019 година
- June 12, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
ОПШТИНСКИ ЕЛЕКТРО – МАШИНСКИ УЧИЛИШТЕН ЦЕНТАР „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“– Охрид
Во прва година ќе се запишат 442 ученици во 13 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
Машинска струка – 102 ученици, 3 паралелки
| – техничар за компјутерскоуправување/машинскитехничар | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4г.тр. | 45 минимум поени |
| – машинско – енергетски техничар / автотехничар – мехатроничар | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр. | 45 минимум поени |
| – заварувач/ обработувач на метал | мак | 34 уч. | 1 пар. | 3 г.тр. | 30 минимум поени |
Електротехничка струка – 238 ученици, 7 паралелки
| – електротехничар за компјутерска техника и автоматика | мак | 68 уч. | 2 пар. | 4г тр. | 55 минимум поени | ||||||
| – електротехничар за електроника и телекомуникации | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр. | 50 минимум поени | ||||||
| – електротехничар – енергетичар | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр. | 45 минимум поени | ||||||
| – електротехничар – енергетичар | алб | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр. | 45 минимум поени | ||||||
| – електромеханичар | мак | 34 уч. | 1 пар. | 3 г.тр. | 30 минимум поени | ||||||
| – електромеханичар за електроника и телекомуникации | мак | 34 уч. | 1 пар. | 3 г.тр. | 30 минимум поени | ||||||
|
Лични услуги – 34 |
ученици, 1 паралелка |
||||||||||
| – козметички техничар | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр. | 45 минимум поени | ||||||
|
Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки |
|||||||||||
| – техничар за патен сообраќај | мак | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр | 55 минимум поени | ||||||
| – техничар за патен сообраќај | алб | 34 уч. | 1 пар. | 4 г.тр | 55 минимум поени | ||||||
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18 и19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2018 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 25 јуни 2018 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик,математика и физиика)
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветтоодделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма.Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25 јуни 2018 годиназавторото пријавување.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.