Blog
Потпишан меморандум за соработка меѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„ и EVN
- February 6, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Со цел подобрување на практичната настава како и надградување на практичното знаење на ученици при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, се потпиша меморандум за соработка меѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и компанијата EVN. На овој начин ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби уште еден голем партнер кој ќе придонесе кон подобрување на практичните знаења на учениците и добивање на квалитетен и квалификван кадар за потребите на македонското стопанство.
Со овој меморандум е предвидено учениците од IV година од електротехничката струка од образовниот профил електротехничар-енергетичар во текот на второто полугодие од оваа учебна година, практичната настава да ја изведуваат во самата компанија под водство на сертифицирани ментори, а учениците од III година од истиот образовен профил, да изведуваат феријална пракса во самата компанија во траење од 20 дена за време на летниот распуст.