Girls Go Circular

Girls  Go Circular

г5

Професорката Јорданка Недеска Симиџиоска како координатор на овој проект во училиштето до сега има вклучено околу триесетина ученици кои успешно ги завршија дадените модули за што добија и сертификати. Наредната учебна година ќе бидат вклучени и други ученици се со цел да се обучат што е можно повеќе преку онлајн програми за учење за циркуларна економија, дигитални и претприемачки вештини. Проектот ќе трае до 2027 година

Проектот се спроведува во повеќе основни и средни училишта, преку едукативна платформа во чии рамки учениците имаат можност да ги продлабочат своите знаења за циркуларната економија, притоа стекнувајќи дигитални и претприемачки вештини. Платформата и курсевите се дизајнирани да ги ангажираат учениците во практични активности, индивидуално и во групи, и да ги охрабрат да работат на решенија за важни социјални и еколошки предизвици.  Линкот до платформата е следниот: https://circularlearningspace.eu/?tenant=OEMUC_Sv_Naum_Ohridski

Со учество во проектот, учениците имаат шанса да:

  • Работат индивидуално и во тим,
  • ја научат важноста на родовата еднаквост за иднината на Европа,
  • ги надминат родовите стереотипи поврзани со дисциплините СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика),
  • развијат претприемнички и дигитални вештини преку онлајн модули,
  • го зголемат учеството на девојчиња/жени во дигиталната и претприемничката сфера,
  • ги прошират нивните интереси во различни области и
  • се стекнат со меѓународно признаен сертификат.

г4

Платформата на која ќе се изведува обуката е направена од Европскиот институт за иновации и технологија и се состои од два онлајн модули кои се задолжителни и најмалку еден изборен. Задолжителни се модулите:

  1. Вовед во циркуларна економија и
  1. Безбедност на интернет и бонтон;

Изборните модули ги опфаќаат следните теми:

  1. Метали и циркуларна економија,
  1. Мода и циркуларна економија,
  1. Преиспитување на пластиката,
  1. Циркуларна економија за смарт телефони и електронски уреди
  1. Роботика и циркуларна економија,
  1. Електронски отпад и циркуларна економија,
  1. Циркуларна економија на храната во градовите и
  1. Борба против климатските промени преку циркуларна потрошувачка.

Професорката Јорданка Недеска Симиџиоска како координатор на овој проект во училиштето до сега има вклучено околу триесетина ученици кои успешно ги завршија дадените модули за што добија и сертификати. Наредната учебна година ќе бидат вклучат и други ученици.