Blog
Успешно реализирана втората мобилност во Охрид – RYCO Superschools
- April 3, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 30.03 до 03.04.2026, во Охрид се реализираше втората мобилност во рамките на проектот RYCO Superschools, со учество на вкупно 30 ученици
15 ученици од Гимназија „Обала“ од Сараево, БиХ, под менторство на професорките Аида Требињац и Ирниса Фејзић-Алић
15 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески
Активностите започнаа со топол пречек и запознавање во училиштето-домаќин, по што следеше обиколка на кабинетите по информатика, роботика, 3Д печатење, како новиот реновиран дел со работилниците
Преку интерактивната работилница „Јас во твоите очи“, учениците, кои веќе се познаваа од претходната размена во Сараево, дополнително ја зајакнаа меѓусебната доверба и ги продлабочија веќе воспоставените пријателства
Во текот на мобилноста, учесниците го истражуваа културното богатство на Охрид – старата чаршија, традиционалните занаети (Охридски бисер, кожарство, рачно изработена хартија, филигран), како и знаменитостите Св. Софија, Св. Јован Канео, Античкиот театар, Плаошник и Самуиловата тврдина
Беше реализирана и посета на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, каде учениците се запознаа со можностите за идно образование
Посебен впечаток остави посетата на Заливот на коските и манастирот Св. Наум, каде се одржаа активности за помирување преку работилницата „Моите вредности“
Работилницата „Да му дадеме втора шанса на бакарот“ беше збогатена со гостување на сопственичката на занаетчиска работилница за изработка на накит од бакар, Марија Маринова Поп Маркова, која одржа инспиративна презентација и ги запозна учениците со техниките и значењето на овој традиционален занает
Креативноста дојде до израз преку работилницита: „Изработка на накит од хартија“
Работилницата „Јазични траги“ беше реализирана како еден вид откривање и споредување на архаични зборови од македонскиот и босанскиот јазик, при што учениците низ пронаоѓање на сличности и разлики согледаа колку јазикот, всушност, нè поврзува уште повеќе
Како резултат на заедничката работа, учениците изработија веб-страница посветена на охридските и сараевските занаети!
Погледнете ја тука: www.craftroots.mk
Мобилноста заврши со евалуација, споделување искуства и идеи за понатамошна соработка, како и заедничко фотографирање
Овој проект уште еднаш покажа дека преку соработка, култура и пријателство можеме да градиме мостови меѓу младите во регионот
#Superschools #CRAFTROOTS #InterculturalLearning #YouthExchange #Sarajevo #ExchangeforChange #CrossCulturalExchanges #YouthEmpowerment #RegionalConnections #europeanunion #RegionalYouthCooperationOfficeRYCO






















