Во период од 25 до 28.03.2026 г во Охрид се одржа обука на тема „Здрави врски -основа за ментално здравје“. На обуката учествуваа 4 ученички од училиштето, педагогот и психологот. Обуката беше во организација на здружението Доверба од Куманово.
Се работеа теми од личен развој, здрави односи и граници, самодоверба, комуникација, родова еднаквост и справување со општествени притисоци.
Преку понатамошни активности во училиштето ќе се придонесе во препознавање и справување со токсични врски.