По повод одбележувањето на Денот на пролетта, во нашето училиште беа реализирани низа активности со цел да се поттикне еколошката свест и креативноста кај учениците. За таа цел, со активно учество на учениците и професорите , училишниот двор се уреди и се разубави со садење на цвеќиња.
Активностите се реализираа во исклучително пријатна атмосфера, за што најдобар доказ за успешноста на овој настан беа насмевките и ентузијазмот на учениците. Нека овој настан биде инспирација за идни активности.