Овој образовен профил е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование при што посебен акцент се става на практичната обука што ќе се спроведува во компании.
Практичната обука ќе се спроведува во компаниите Костал, ЛТХ Леарница и ОДВ-Електрик
По завршувањето на програмата учениците ќе имаат можност да полагаат матура со цел да се запишат на факултет, а учениците кои ќе одлучат да не го продолжат своето образование ќе имаат можност за вработување во компанијата во која биле обучувани.