Blog
Свечено доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2022-2023 година од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- August 24, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На ден 23.8.2023 г. на спортскиот терен од ОЕМУЦ „Св. Наум Охриски“ “ во Охрид беше одржана прослава во чест на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.
На овој настан се обрати директорот на нашето училиште, професорот Сашо Недески.
Поздравен говор на директорот професорот Сашо Недески
Директорот на училиштето им додели пофалници на следниве матуранти:
Петар Цаноски – првенец на генерацијата 2022/2023 година и пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Дамјан Цветкоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Петар Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Петар Каланоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Никола Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Јана Пауноска – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение.
Свој поздравен говор имаше и првенецот на генерацијата Петaр Цаноски
Настанот беше збогатен со музички точки кои ги изведоа нашите ученици Јана Протуѓер и Мухамед Асан, кои беа под раководство на професорите Жармена Китрозоска и Славчо Китаноски.
За целиот настан беа ангажирани и учениците Бобан Кочески и Ана Новеска кои ја водеа целата програма.
На сите матуранти им честитаме за успешно завршеното средно образование и им поскауваме успех и среќа во понатамошното образование и кариера