Blog
Завршен испит по германски модел за учениците од профилот Техничар за индустриска мехатроника
- July 18, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На 17.07 и 18.07. 2023 година се спроведе завршниот испит по германски модел за учениците од четврта година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника. Овој испит се спроведува втора година по ред и се состои од теоретски и практичен дел.
На теоретскиот дел од испитот учениците одговараа на 22 прашања со повеќекратен избор и решаваа 6 задачи. Прашањата и задачите беа од стручните предмети кои ги изучуваа учениците во текот на своето четиригодишно образование.
На практичниот дел од испитот кој се одржа во компанијата Костал, учениците ги покажаа своите знаења и вештини при поврзувања на специјални мехатронички сетови кои се обезбедени преку Делегацијата на германското стопанство. При тоа учениците требаше да извршат поврзувања на различни елементи со користење на зададени електрични шеми и да ги оспособат сетовите за правилно функционирање.
Повеќето ученици успешно го положија испитот и со тоа се стекнаа со сертификати за завршено дуално образование според германскиот модел. На сите ученици кои го положија овој завршен испит им честитаме на успехот и им посакуваме успеси во животот и работата и во иднина.