Blog
Оглас за запишување на ученици во прва година во учебната 2023-2024 година-второ пријавување
- June 26, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2023/24 година, објавува:
ОГЛАС
За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2023/24 година
Во I година во учебната 2023/24 година ќе се запишат вкупно 102 ученици во 9 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 56 ученици, 3 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА -34 ученици, 4 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 5 ученици, 1 паралелка
СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 7 ученици, 1 паралелка
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ја изготвува и објавува МОН на официјалната ВЕБ страна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари( по предметите: мајчин јазик, англиски јазик ,природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија и по предметите кои се значајни за струката) .
–извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, преку електронско аплицирање на следниот линк :https>//e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку кориснички сметки на Schools.mk.
Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 27 јуни до 24,00 часот, 28 јуни до 15,00 часот 2023 г. Прелиминарната листа се објавува на 29 јуни 2023 најдоцна до 9,00 часот на https>//e-uslugi.mon.gov.mk на интернет страната на www.mon.gov.mk. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 12 до 19 часот и на 30 јуни од 7,00 до 19,00 часот согласно изготвениот распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 01 јули 2023 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Учениците кои се упатени на поправни испити,испит на годината , испити за побрзо напредување, доколку има слободни места после јунскиот рок.Пријавувањето се врши на 21 август до 24 часот. Прелиминарната листа се објавува на 22 август 2023 најдоцна до 9,00 часот на https>//e-uslugi.mon.gov.mk на интернет страната www.mon.gov.mk. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 август од 10 до 19 часот согласно изготвениот распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објават на 23 август 2023 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
НАПОМЕНА : По објавувањето на ранг листите со резултатите од запишувањето,учениците кои не се запишани во училиштето задолжително ја подигнуваат целокупната документација во рок од 24 часа.
За подетални информации во врска со понудените профили можете да најдете во Огласот за прием на ученици на следниов линк
Оглас за запишување ученици во прва година во учебната 2023-2024 година-второ пријавување
26.06. 2023 година
Од училишната комисија при
ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид