На ден 9.6.2023 г. во просториите на Општина Охрид се одржа промоција на стихозбирката ,,Тие доаѓаат” во која беа објавени поетските творби од нашите младинци:
1. Алекс Силјаноски, IV-3, „За Манастирот“
2. Ангел Крстески, II-4, „Мојот нов стих“
3. Мелани Тасеска, I-4, „Хрониката на љубовта“
4. Јана Кузманоска, I-4, „Зракот повторно се роди“
Честитки за учениците и им посакуваме и во иднина да творат и да го негуваат македонскиот јазик преку пишаниот збор.
Исто така, на оваа свеченост присуствуваа уште десетмина членови на ЛМО при ОЕМУЦ како поддршка на своите наградени соученици.